СПОРТФУДБАЛ

Саудиска Арабија гради ново чудо, стадион на карпа висока 200 метри

Саудиска Арабија почнува да гради ново чудо, стадион на врв на карпа висока 200 метри над Ријад. Стадионот ќе биде изграден за потребите на Светското првенство во 2034 година, кое ќе се одржи во оваа блискоисточна земја. Ќе има 45.000 седишта и ќе го носи името на принцот Мохамед бин Салман.

Advertisements

Инвестициската компанија „Киддија“, која е задолжена за изградба на стадионот, нагласува дека зградата ќе има покрив и терен што ќе се повлекува и извлекува по потреба, како и стотици метри ЛЕД ѕид. ЛЕД ѕидот е дизајниран да отвори поглед на градот долу.

Инвестициската компанија Qiddiya (QIC) е во целосна сопственост на Саудиска Арабија, односно Фондот за јавни инвестиции управуван од самиот Бин Салман. Истиот фонд е сопственик на англискиот премиерлигаш Њукасл.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button