СБ предупредува: сиромаштија во Македонија

Светска банка предупредува дека во земјава ќе се зголеми стапката на сиромаштија. Во загрижувачка состојба се граѓаните кои се вработени во пониско приходните дејности кои целосно биле погодени од ковид кризата. Во извештајот на оваа меѓународна финансиска институција стои дека економијата во Македонија годинава ќе забележи пад од 4,1 отсто, а следната се очекува опоравување и раст од 3,6. Се бара Владата да внимава во однос на новите задолжувања бидејќи фискалниот простор се стесни откако нивото на долгот на државата се приближи на 60 проценти од БДП. Инаку, токму првиот човек на Светска банка, Дејвид Малпас веќе испрати предупредување до Македонија за можна појава на должничка криза. Тој смета дека може да се случи земјава да има сериозни проблеми во исплаќањето на долговите кои се подигнати за справување со ковид – кризата.