СДСМ: 100 дена катастрофално владеење на ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво

„100 дена ВМРО-ДПМНЕ е на власт во најголем дел од општините, тоа се 100 дена неуспеси и неработење од страна на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ“, сметат од СДСМ.
Според ова партија граѓаните во овие 100 дена од градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ видоа само партизација на општините и оправдувања за неработењето.
„Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ се покажаа неспособни и алчни. Тие се грижат само за своите, се грижат за тендери и набавки а бараат пари од Владата за струја и парно. Неспособноста на градоначалниците ја покрива владата, 100 дена само барања за финансиска помош додека се трупаат партиски вработувања по општинските администрации. Ако денот се познава по утрото, првите 100 дена на градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ најавуваат катаастрофа во локалните политики“, се нагласува во соопштението на СДСМ, додавајќи дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ наследија функционални општини, полни буџети и започнати проекти, но не реализираат ништо.