ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: 100 дена Влада, 100 дена изговори, скандали

СДСМ: 100 дена Влада, 100 дена изговори, скандали

Социјалдемократите ја обвинуваат власта дека во првите 100 дена понудила само оправдувања наместо решенија, изолација наместо интеграција и општество во кое доминира неизвесноста. Шефот на СДСМ, Венко Филипче, вели дека е мрачна паралелата меѓу предизборните ветувања на ВМРО и реалноста во која се наоѓа државата. Филипче подвлекува дека Македонија со ВМРО-ДПМНЕ на власт оди во погрешна насока.

Во врска со одвојувањето на Северна Македонија од Албанија на евроатлантскиот пат, Филипче ја обвинува владата на чело со Мицкоски за враќање назад и изолација. Филипче оценува дека најавите за дестабилизација се само дефокус од вистинските проблеми. Тој ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за таен сојуз со ДУИ.

СДСМ ја обвинува Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ за погрешни политики во економската сфера, намалување на просечната плата и деградација на работниците./Алсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button