МАКЕДОНИЈА

СДСМ бара ДКСК да ја повлече и да ја преиспита одлуката за случајот со дипломата на директорот на АНБ

Опозицискиот Социјадемократски сојуз бара повлекување и преиспитување на одлуката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) во врска зо случајот со дипломата на директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ), Бојан Христовски, како и преиспитување на анализата направена од Државниот просветен инспекторат (ДПИ). Истовремено, бара и расчистување на прашањето за конфликт на интереси во редовите на ДКСК.

Advertisements

Портпаролката на партијата, Богданка Кузеска на прес-конференција рече дека фактите што ги објавија медиумите и кои се достапни за јавноста се загрижувачки и отвараат низа прашања за основите врз кои е донесена одлуката, дури и за можен конфликт во самата ДКСК.

Според неа, овој случај мора целосно да биде расчистен, зашто е удар не само врз угледот на Антикорупциската комисија, туку е и дамка за нејзината работа.

„Анонимната претставка во која беше оспорена факултетската диплома на Бојан Христовски издадена од еден Универзитет во Скопје, ДКСК ја отфрли повикувајќи се на анализа на Државниот просветен инспекторат. Оваа диплома, која ја пријавил самиот Христовски, предивика основани сомнежи поради експресното завршување на студиите за само една година. Замислете, наместо за четири, успеал за една“, вели Кузеска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button