СДСМ бара оставка од Тошковски по пукањето во Ченто и денешното убиство кај „Мавровка“

За неполни 24 часа се случија две мафијашки пресметки во Скопје, граѓаните се вознемирени и се чуствуваат небезбедно, реагираат од СДСМ.
Од опозициската партија обвинуваат дека власта на премиерот Христијан Мицкоски ја претворила Македонија во див запад, а од министерот за внатрешни работи бараат веднаш да си поднесе оставка.
„Ваквите пресметки стануваат секојдневие бидејќи МВР и Тошковски не успеваат да ги најдат сторителите и да ги расчистуваат случаите. За потсетување, во мандатот на Тошковски имаше три убиства и три обиди за убиства, а разрешница имаше само за еден случај. Неспособноста на власта на Мицкоски Македонија ја претвори во ‘див запад“. Криминалните банди буквално хараат, криминалците бегаат од затворите кои се како ‘хотел промаја’, а граѓаните стравуваат за својата безбедност. Нема скандал во изминатите три месеци, а да не е поврзан со Тошковски и МВР. Тошковски е најнеспособниот министер за внатрешни работи и веднаш треба да си даде оставка“, се вели во реакцијата на СДСМ.