ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Додека Таравари се шета, се случува хаос во здравството – нема биолошка терапија на Онкологија

Од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) сметаат дека недостигот на лекови за пациентите од Клиниката за радиотерапија и онкологија е алармантен проблем.

Во денешната реакција од СДСМ, која доаѓа по информацијата од пацинетите дека немаат биолошка терапија, се вели дека станува збор за лекови кои буквално значат живот за пациентите со метастатски канцери.

Од СДСМ велат дека ова се случува „додека министерот за здравство се шета по САД и објавува слики од рекламни паноа“.

„Ова е недозволиво и е уште еден доказ за неспособноста на владата на Мицкоски и министерот Таравари да се справи со елементарните потреби на граѓаните и здравствениот систем. Наместо одговорност и навремено снабдување, гледаме само изговори и административни препреки кои ја продлабочуваат кризата“, се вели во соопштението од СДСМ.

Оттаму во реакцијата бараат итно преземање мерки за обезбедување на потребната терапија за сите пациенти и прашуваат дали оваа влада, за која велат дека ги троши народните пари на мебел, коли и луксуз, има барем малку одговорност кон граѓаните чие здравје и живот се загрозени.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button