СДСМ ги повлече членовите од Комисијата за промена на имињата во општина Тетово
СДСМ ги повлече членовите од Комисијата за промена на имињата во општина Тетово

Членот на СДСМ за промена на имињата на општина Тетово поднесе оставка. Социјалдемократите го обвинуваат тетовскиот градоначалник Билал Касами дека ги игнорирал. Но, оваа одлука на СДСМ ја оценува како избрзана и вели дека процесот се одвива демократски.
„..се очекуваат предлози од граѓаните кои ќе ги разгледа комисијата, а потоа извештајот на таа комисија ќе го разгледа општинскиот совет кој ќе донесе одлука. Мислам дека тоа е најдемократска форма на именување на улици во согласност со законот и ако советот, кој го сочинуваат сите политички и етнички групи, донесува одлука за име на улица, мислам дека тоа е демократско. Жалам што СДСМ донесе ваква одлука во советот, бидејќи тие не се фактори што ја одредуваат реализацијата на овој проект”, рече Билал Касами, градоначалник на општина Тетово.
Но, од огранокот на СДСМ во Тетово велат дека промената на имињата на улиците во овој момент не е приоритет на граѓаните.
„Билал Касами и неговиот коалициски партнер остануваат глуви и ги игнорираат повиците на граѓаните дека именувањето на улиците не е приоритет за граѓаните. Секогаш кога ВМРО е на власт, без разлика дали е на централно или на локално ниво, се зголемуваат меѓуетничките тензии и нетрпеливоста„, велат од СДСМ Тетово.
Иницијативата за промена на имињата на улиците останати од комунистичката ера се одолговлекува долго време. Политичките партии во Советот на општината не успеаја да ги надминат разликите. Многу улици во Тетово немаат ниту имиња ниту бројки./Алсат.мк
Башким Сулејмани