ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ ги загуби речиси сите упоришта на социјалдемократите

СДСМ ги загуби речиси сите упоришта на социјалдемократите. Партијата на Зоран Заев не освои ниту една општина во главниот град, а независната кандидатка за Скопје, Данела Арсовска води во првиот круг.  ВМРО-ДПМНЕ во првиот круг победи во скопски 4 општини и води во Ѓорче Петров каде градоначланик ќе се бира во вториот круг. Во Центар и  во Карпош водат кандидатите на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ

Бутел

Аеродром

Гази Баба

Кисела Вода

ДУИ во рамките на Град Скопје го освои само Сарај, а во Чаир оди во втор круг со кандидатот на Алијанса и Алтернатива.

Во првиот круг, ВМРО-ДПМНЕ освои 18 градоначалници, а СДСМ само 9. Социјалдемократите одат во вториот круг во Куманово. Независниот кандидат Максим Димитриевски, води пред  кандидатот на СДСМ, Оливер Илиевски. Од општините во кои секогаш победувале СДСМ, Заев ја освои само Струмица. Од албанските партии, ДУИ обезбеди победа во три општини, а во другите општини одат во вториот круг.

Општини добиени во првиот круг

ВМРО-ДПМНЕ- 18

СДСМ- 9 ДУИ- 3

Во 40 општини ќе има втор круг. Главните албански општини одат во вториот круг. Најинтересна трка останува во Тетово помеѓу Теута Арифи од ДУИ и Билал Касами од Беса, каде разликата во првиот круг е само 600 гласови. Иста ситуација има и во Струга помеѓу Рамиз Мерко од ДУИ и Идри Истрефи од Алијанса и АЛтернатива каде разликата е 1.500 гласови. Албанската опозиција има голема разлика во Гостивар каде актуелниот градоначалник Арбен Таравари води со околу 3.000 гласови против Невзат Бејта од ДУИ. Битката во првиот круг во оваа општина не заврши за само неколку гласа.

Втор круг во албанските општини

Тетово (Билал Касами и Теута Арифи)

Гостивар (Арбен Таравари и Невзат Бејта)

Чаир (Висар Ганиу и Беким Сали)

Струга (Рамиз Мерко и Идри Истрефи)

Вториот круг од локалните избори ќе се одржи на 31 октомври, и ќе се гласа само за градоначалници.

Adrian Kerimi

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button