ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
СДСМ и Левица против иницијата за преименување улици во Тетово
СДСМ и Левица против иницијата за преименување улици во Тетово

СДСМ и Левица се противат на иницијативата на Општина Тетово за именување на над 100 улици во овој град. Лидерот на СДСМ Венко Филипче, побара овој процес да се води со широк консензус и ниту една страна да не биде игнорирана.
Со реакција излегоа и од Левица. Тие бараат од владата да се спротивстави на ирединтистичките политики на ВРЕДИ.
„Бараме Владата предводена од ВМРО да се спротивстави на инженерско-етничката и иредентистичката политика на нивниот коалициски партнер. Неприфатливо е градоначалникот на Тетово, Билал Касами, кој постојано ја деградира Македонија, Македонците, ја прогласува државата за трета албанска држава, да остане неказнет”, велат од „Левица“.
Градоначалникот на Тетово Касами ги отфрли обвинувањата, повикувајќи да не се политизираат иницијативите за промена на имињата. Тој рече дека иницијативата е транспарентна и комисијата формирана од општинскиот совет за именување на улиците и има претставници од целиот општински совет и нивниот политички состав.
„Еден од најважните проекти за општина Тетово е проектот за именување на многу улици кои ги затекнавме без имиња без броеви, улици кои и денес, ние како локални институции, централни институции или приватни компании, имаме проблем да ги испратиме до граѓаните различни сметки или да ги имаме на цивилизиран начин со жителите на Тетово, така што ние откако дојдовме на чело на општината, ги засукавме рацете и го започнавме процесот на идентификување на регистрацијата и сега сме во фаза на официјализирање и започнување на процесот на именување на улиците со одлука на општинскиот совет. Советот формираше комисија со членовите на општинскиот совет и стручните членови на администрацијата и други граѓани”, рече Билал Касами Градоначалник на Тетово.
Во Тетово има вкупно 297 улици, од кои 216 се без имиња и без броеви. Од тие причини беше формирана комисијата за именување на улиците, во која има членови од СДСМ, кои први реагираа и побараа блокирање на овој процес./Алсат.мк
Башким Сулејмани