СДСМ и ВМРО на спротивни позиции за уставните измени
СДСМ и ВМРО на спротивни позиции за уставните измени

СДСМ оценува дека земјава треба да ја искористи отворената врата на ЕУ и да ги одобри уставните измени. Според владејачката партија, членството во ЕУ го отвора пазарот, го зголемува домашното бруто производство и добива европски средства за развој, кои земјата не треба да ги загуби.
Но, од ВМРО-ДПМНЕ велат дека овој план нема да се реализира и дека државата треба да оди на предвремени избори. Од партијата на Мицкоски велат дека нема промени според бугарскиот диктат.
„Јасно е дека нема мнозинство да го реализираат тоа што го презедоа како обврска. Тоа значи дека нивната единствена политика удри во ѕид и во отсуство на каква било друга политика, нормално и легитимно е опозицијата и народот да бараат што поскоро предвремени парламентарни избори. Пред нас имаме регуларни избори, но што поскоро треба да се одржат предвремени избори на кои народот ќе избере влада со легитимитет даден од народот, но и политички легитимитет“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Седницата за уставни измени беше отворена на 18 август, списокот со говори беше исцрпен и седницата беше прекината без гласање. Во меѓувреме, владата е во лов да ги обезбеди гласовите што и недостасуваат за да ја одобри оваа фаза од процесот на уставни измени.
Фатлуме Дервиши