МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Избори ќе има во 2024 година, ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски не можат никого да уценуваат

ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски не можат да уценуваат никого. Сите нивни обиди за дестабилизација на државата, сите нивни лаги за наводна асимилација и бугаризација пропаднаа, тие веќе немаат никаков кредибилитет пред граѓаните, рекоа денеска од владејачката СДСМ.
„Затоа Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се конфузни, наутро бараат референдум, а попладне предвремени избори. Мицкоски веќе не знае што да направи за да ја спаси фотелјата во белиот дворец откако грбот му го свртеа коалициски партнери и други опозициски партии. Избори ќе има во редовниот термин во 2024 година. До тогаш ВМРО-ДПМНЕ има време да се преиспита и да го смени своето деструктивно, антидржавно однесување на штета на интересите на граѓаните и државата“, наведуват од СДСМ.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button