ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: „Картел при јавни набавки“ е нов скандал со фирми поврзани со министерката Божиновска

Енергетски картел при јавни набавки е нов скандал со фирми кои се поврзуваат со министерката за енергетика Сања Божиновска, обвини денеска на пресконференција портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска. Според Кузеска, фирмите „формирале енергетски картел со цел да ја диктираат цената на увозот на струја на тендерот на ЕЛЕМ во 2012 година и да профитираат.“ Опозицијата обвини и дека за дел од овие фирми кои создале „картел при јавни набавки“ било откриено и затајување на данок од 1,8 милиони евра.

Advertisements

„Фирми кои дел се поврзуваат и со Божиновска, формирале енергетски картел со намера да ја диктираат цената на увозот на струјата на тендерот на ЕЛЕМ спроведен во 2012 година и да профитираат. И внимавајте, не се случило тоа еднаш, 11 пати биле прекршувањата, 11 пати. Па дали е ова нормално? Секако дека не е. За дел од овие фирми кои склучиле картел и Царинската управа открила затајување данок во износ од 1,8 милиони евра. Ова почитувани е вмровска шема во политиката како во мафијашки филм, со картели, само наместо фавели, има бел дворец. Уште не е затворен скандалот со долгот на Божиновска, гледаме дека има нов картел и малверзации“, рече Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button