ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ ќе расправа за оставката на Заев, Алтернатива за владина коалиција

По одложувањето на закажаните состаноци на Централниот и Извршниот одбор на СДСМ поради деновите на жалост по автобуската несреќа во Бугарија, денеска партиските органи на социјалдемократите ќе се изјаснат за оставката на нивниот лидер Зоран Заев.

И раководството на Алтернатива денеска треба да реши дали влегува или не во владината коалиција на СДСМ и ДУИ. Заев побара од ЦО и ИО на СДСМ само да ја констатираат неговата оставка најавена уште на 31 октомври по лошите резултати на локалните избори и да почне процедурата за избор на нов претседател на партијата.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button