ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски бара референдуми, а потоа ги бојкотира

ВМРО ДПМНЕ се однесува дволично и преку референдум бара начини да манипулира, велта од СДСМ на иницијативата на Мицкоски за одржување на референдумот. Од владеачката партија потсетуваат дека ВМРО бараше референдум и за Преспанскиот договор, собирал потписи и за пописот на населениет, а потоа ги бојкотирал.

Advertisements

Ниту Алијанса за Албанците не ја поддржува одлуката за организирање на референдум. Од оваа партија потенцираат дека остануваат на ставот искажан на собраниската седница, на која го поддржале францускиот предлог.

„Го искажавме нашиот став за референдумот во саботата, многу јасно, во саботата гласавме за францускиот предлог и бевме одлучувачки фактор, знаете, да не бевме ние, францускиот предлог немаше да помине, бидејќи немаше кворум“, рече Халил Снопче, АА.

Ваквите реакции доаѓаат по вчерашната одлука на ВМРО-ДПМНЕ да организира референдум против францускиот предлог.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button