ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски да се извини пред граѓаните и да понесе одговорност за лагите со кои ја замајуваше јавноста

Христијан Мицкоски со денови ја лажеше јавноста дека има 61 глас за ново мнозинство во Собранието и гласање недоверба на Владата. Вчера тој меур од лаги се распрсна уште на почетокот на седницата во Собранието, велат од СДСМ и додаваат:
Очаен од поразот, Мицкоски вчера ширеше невистини за наводно киднапрање на пратеник, а истиот пратеник јавно објави дека бил под закани токму од опозицијата. Заради пустата желба за власт, Мицкоски седна на иста маса со анти НАТО и анти ЕУ структури, партии кои се против концептот Едно општество за сите. 
За овој негов последен неуспех, Мицкоски не треба да бара алиби и да ја префрла одговорноста кај било кој, вината е исклучиво негова. Народот повторно е излажан од Христијан Мицкоски и затоа наместо да шири невистини, Мицкоски треба да се засрами, да излезе и да им се извини на граѓаните, а потоа и да си даде оставка. 
Граѓаните да бидат спокојни, СДСМ, заедно со сите демократски сили и пратеници ќе обезбеди стабилност и продолжување на напредокот на земјата, се наведува во соопштението од СДСМ.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button