ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски потврди дека е против членство во ЕУ

Откако експресната двочасовна расправа во собраниската Комисија за уставни прашања не доведе до поместување во позициите, најголемите партии денеска продолжија со меѓусебни обвинувања за уставните измени. Од СДСМ истакнаа дека претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски прави се за да ја оддалечи Македонија од Европската Унија и ако тоа го направи, како што велат, тој одработува за туѓи интереси. Социјалдемократите ваквите обвинувања ги упатија откако претходно Мицкоски го искоментира вчерашното усвојување на владиниот предлог за промена на Уставот со 10 гласови „за“ и седум „против“. Тој кусо рече „Европејците да ја тераат европската агенда, а ние ќе ја тераме нашата, македонска“.

Advertisements

„Велат дека се на европскиот пат, за веднаш потоа да кажат дека имале поинаква агенда од европската агенда, агенда што е стратешка определба на македонското општество. Уставните измени се последната шанса Мицкоски и ДПМНЕ да се престројат на страната на интересите на граѓаните и државата и да докажат дека навистина се за членство на државата во ЕУ“, рече Мартин Костовски – СДСМ.

Реагираше ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија повторија дека уставни измени нема да има и додаваат дека гласањето во Комисијата покажало дека власта нема мнозинство, односно не успеала да придобие пратеници што би гласале „за“.

„Доколку беа барем малку разумни немаше да водат инает со народот и со опозицијата и консензусот во Македонија ќе го бараа пред да почнат да даваат концесии на сметка на националниот идентитет. Сега единствено решение е да го стават побрзо предлогот на пленарна седница, да се оконча нивната нерационална и штетна политика, а потоа да се оди на избори“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали ќе има промени во ставовите ќе се знае на 18-ти август, за кога спикерот Талат Џафери ја закажа пленарната седница за усвојувањето на потребата за отворање на Уставот, за што е потребно двотретинско мнозинство.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button