ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција

СДСМ: Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција

“Додека граѓаните се борат со високите цени и како да врзат крај со крај, премиерот Мицкоски си игра мајтап со народот и ја потценува неговата интелигенција.

Advertisements

Премиерот Христијан Мицкоски гордо изјави дека бил задоволен од ефектите од замрзнување на маржите односно од така наречената есенската кошничка со која цените се намалија за 0.1%.

Со скапи и луксузни часовници од 50.000 евра на неговата рака, ова големо задоволство кај Мицкоски  од историскиот успех на мерка со намалување на цените од 0.1% може да биде од незнаење или од неинформираност.

Очигледно Мицкоски не оди во маркет.  Па затоа не видел дека нема намалени цени, дека на одредени производи има дури и зголемување. Дека белиот леб и натаму е 33 денари, цената на зејтинот од 78  се зголеми на 87 денари, на јогуртот од 72 на 81 денар.

Или можеби не знае дека Државниот завод за статистика, математички прецизно го пресмета ефектот на мерката од којашто тој е задоволен: 0.1% намалени цени на мало во октомври.

Можеби не знае Мицкоски дека Синдикалната кошничка се намали за само 57 денари?

Граѓаните живеат тешко и мајтапењето со нивните потешкотии се нерсериони. Наместо да ја потценува интелигенцијата на народот и да си игра мајтап Мицкоски сериозно да си ја сфати улогата и да преземе нешто за високите цени.

Прво што треба да направи е да ги прифати предлозите на СДСМ за поголеми плати и укинување на ДДВ за храна.”,  велар од СДСМ –  Центар за комуникации со јавноста

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button