ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ на конгрес ги анализираше причините за поразот на изборите

СДСМ на конгрес ги анализираше причините за поразот на изборите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија одржува отчетен конгрес, на кој раководството и партиските органи ќе ги анализираат причините за поразот на претседателските и парламентарните избори во април и мај.

Претседателот на партијата во заминување и актуелен пратеник, Димитар Ковачевски, рече дека очекува по овој конгрес партијата да биде посилна.

Ист став со Ковачевски има и Фатмир Битиќи, пратеник на СДСМ и поранешен потпретседател, кој поднесе оставка од оваа функција токму поради лошиот изборен резултат. Според него, ова е пресвртница за партијата.

Инаку, партијата која беше на власт речиси 7 години ја доживеа најголемиот пораз во историјата од постоењето на партијата, односно, доби само 18 пратеници, наспроти ВМРО-ДПМНЕ која доби 58 или 40 пратеници повеќе.

Слаб резултат имаше и кандидатот за претседател на СДСМ, Стево Пендаровски, кој беше поразен од противничката Гордана Силјановска Давкова со разлика од 310.000 гласови.
За ова, првиот човек на партијата и потпретседателите поднесоа оставки и создадоа простор за избор на новото раководство на партијата.

Изборите се закажани за 30 јуни годинава, на кои членовите ќе имаат можност да изберат претседател меѓу четворица кандидати. Во конкуренција се Славјанка Петровска, Венко Филипче, Јован Деспотовски и Александар Бајдовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button