ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ на својот конгрес ги освежи партиските органи

СДСМ избра нови партиски тела. Радмила Шекеринска повеќе нема да биде заменик претседател на СДСМ. Оваа позиција на 26 – от Конгрес и беше доверена на Сања Лукаревска, поранешна пратеничка и моментална директорка на Управата за јавни приходи. Генерален секретар на партијата останува Љупчо Николовски, додека Конгресот донесе нови имиња во редовите на потпретседателите на Социјалдемократите.

Advertisements

Фатмир Битиќи и Венко Филипче, ги заменуваат Мухамед Зекир и Коста Петров. Другите двајца потпретседатели останаа исти, а тоа се Мила Царовска и Оливер Спасовски. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, ја пофали новата организациска структура како победнички тим од неколку претстојни изборни циклуси. Лидерот на социјалдемократите истакна дека партиската енергија останува посветена на патот кон ЕУ и економскиот раст.

Перо Костадинов беше избран за претседател на Централниот одбор, додека сегашниот министер за правда Бојан Маричиќ беше избран за секретар за меѓународна соработка. Од СДСМ велат дека се погрижиле да го зачуваат принципот на соодветна полова и етничка застапеност. Иако беше најавено, социјалдемократите не го почитуваа принципот државните службеници да не заземаат раководни позиции во партијата.

Адриан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button