МАКЕДОНИЈА

СДСМ најавува кривична за полициските службеници кои досега не се опфатени со истрагата за трагедијата во Кочани

СДСМ дава поддршка на независна, темелна и неселективна истрага за трагичниот пожар во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица и ги поддржуваме институциите во тоа, но стравуваме дека оваа истрага ќе биде селективна, велат од најголемата опозициска партија.

Advertisements

„Оставивме седум дена органите на правосудството да покажат дека спроведуваат независна, темелна и пред сè неселективна истрага за овој стравотен настан. Од првиот ден СДСМ бара сите одговорни, поранешни и сегашни функционери, службеници и политичари, да одговараат согласно законот. СДСМ дава поддршка на независна, темелна и неселективна истрага и ги поддржуваме институциите во тоа. Ова гласно го бараат и граѓаните. Но денес, седум дена подоцна, сме должни да ги поставиме вистинските прашања кои се наметнуваат за кои за жал, нема одговор од надлежните институции“, изјави на прес-конференција Мартин Костовски, организациски секретар на СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button