СДСМ: Наместо 12, наставниците добиваат само 5 проценти зголемување на платите
СДСМ: Наместо 12, наставниците добиваат само 5 проценти зголемување на платите

Најавата на владата на Мицкоски за минимално зголемување на платите на наставниците од само 5% наместо планираните 12% е срамно и претставува обид за амортизација на незадоволството коешто постои. Владата на Христијан Мицкоски ги потценува наставниците и нивниот труд, велат од СДСМ.
Во предизборната кампања, Мицкоски и неговите соработници ветуваа значајно подобрување на животниот стандард на наставниците, но сега, кога се на власт, ги заборавија своите ветувања и се фрлија на манипулација.
Манипулацијата очигледно е со цел да се спречи најавуваниот штрајк во образованието, а не да им се излезе во пресрет на наставниците.
Се потврди дека изговорите дека нема пари во буџетот, како што велеше Мицкоски, се само алиби за да не им бидат покачени платите. Пари има во буџетот а наставниците и просветните работници заслужуваат реално и вистинско зголемување на платите кое треба да биде 12%. Затоа бараме платите на наставниците да се зголемат за 12% како што им следува.