СДСМ: Не само за Иловица, ДПМНЕ има потпишано 86 концесии за рудници

Во време на зенитот на режимот, ДПМНЕ и Никола Груевски дадоа концесии за рудникот Иловица, но и други 85 концесии за рудници низ целата држава, велат од СДСМ. Од владејачката партија потенцираат и дека одлуката за рудникот Иловица, беше донесена на 16 јуни 2012 година, потпишана од соработникот на Мицкоски, Зоран Ставревски и објавена во Службен весник истиот месец 2012 година.
„Истата година, општините Општина Босилово и Општина Ново Село во тоа време раководени од градоначалници од ДПМНЕ, носат одлуки за отворање на рудник. Ветувањето за рудници и концесиите беа и едно од главните ветувања на ДПМНЕ и Груевски на парламентарните избори во 2016 година. Во тој период Мицкоски беше советник за енергетика на криминалецот во бегство, Никола Груевски.Затоа, денес кога Мицкоски зборува нешто различно, прво лаже, а второ тоа е врв на лицемерие“, се наведува во соопштение од СДСМ.