ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Неисправните „ертрактори“ и полициски хеликоптери се резултат на негрижата на ВМРО-ДПМНЕ кон пожарите

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ја обвинува ВМРО-ДПМНЕ за неисправноста на „ертракторите“ на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС).

Advertisements

Од СДСМ велат дека покрај два од трите „ертрактори“, во исто време неисправни се и два полициски хеликоптери кои се опремени за гаснење на пожари.

„Навистина е голема среќа што заврна дожд и што ќе ги изгасне пожарите. Инаку моменталната ситуација е катастрофална. СДСМ остро ја осудува оваа катастрофална ситуација која е резултат на негрижата и неспособност на владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ“, се вели во денешното соопштение од опозициската СДСМ.

Оттаму додаваат дека ненавременото сервисирање на „ертракторите“ и хеликоптерите не е случаен пропуст, туку јасен показател за односот на ВМРО-ДПМНЕ кон кризата со пожарите.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button