МАКЕДОНИЈА
СДСМ: Неправдата што ни беше нанесена овие години да биде исправена

Пратеникот од СДСМ, Диме Велковски, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат изрази оптимизам дека државава конечно ќе ги започне пристапните преговори со ЕУ. Како што рече, очекува дека неправдата нанесена изминативе години конечно ќе биде исправена.
„Сметам дека не само што го заслужуваме, туку е потребна и целосна интеграција во ЕУ на овие простори, на Западен Балкан. Вклучително ми дава право за оптимизам и Холандија, којашто децидно кажа дека Македонија треба да ги отвори преговорите. Сметам дека таа неправда што ни беше нанесена овие години ќе биде исправена“, рече Велковски.