ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ обвинува дека Мицкоски работи против политиките на ЕУ

По интервјуто на претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за Алсат во кое рече дека неговата партија 100% нема да ги поддржи уставните измени кои задутре ќе влезат во комисиска расправа во Парламентот, СДСМ излезе со обвинување дека опозицијата работи на блокирање на евроинтеграциите на државата. Велат дека Мицкоски го спречува остварувањето на стратешката цел на државата.

Advertisements

„Со ова Мицкоски работи против македонскиот јазик во ЕУ, против интересите на граѓаните за подобар стандард, повисок економски раст, повисоки плати и пристап до европските фондови. Мицкоски, поразително за својата партија, работи за други интереси и против ЕУ. Секој што сака да ја држи земјата надвор од ЕУ, изолирана, работи директно против највисоките национални и државни интереси. Македонија по 17 години чекање ги започна преговорите со ЕУ и сега е потребно да се забрза процесот со крајна цел полноправно членство во ЕУ до 2030 година“, велат од СДСМ.

Но, Мицкоски смета дека ниту Бугарија, ниту меѓународниот фактор не даваат никаква гаранција дека нема да има нови условувања за Македонија дури и ако го смени Уставот и во него ги внесе Бугарите. Затоа тој во интервјуто излезе со предлог кој според него би бил гаранција за Македонија дека нема да има нови услови од Софија.

Мицкоски нагласи дека предвремените парламентарни избори се единственото решение за излез од длабоката политичка и економска криза која ја предизвикале СДСМ и ДУИ.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button