СДСМ обвинува дека на раководни позиции се поставени лица осудени на затворски казни
СДСМ обвинува дека на раководни позиции се поставени лица осудени на затворски казни

Македонската опозиција ја обвинува владејачката ВМРО дека на раководни позиции во затворите поставува луѓе кои се осудени на затворска казна. Методија Илиевски од СДСМ рече дека со одлука на премиерот Христијан Мицкоски, во затворот Идризово, павилјонот отворен во Велес за в.д. директор е именуван Ибрахим Елези од ВЛЕН, претходно осуден на затворска казна.
Од СДСМ велат дека и поранешниот директор на затворот во Прилеп е лице со кривична пријава.
Но, од Владата одговорија дека СДСМ шири дезинформации. Постоеше таков предлог за именување на в.д. заменик на директор на КПД Идризово, но по направените дополнителни проверки истиот не е прифатен.Лицето нема да стапи на функција, и ќе има ново именување на позицијата на следната седница на Влада, додаваат од таму.
Во однос на директорот на затворот во Прилеп за секој поединец има пресумпција на невиност, постоењето на кривична пријава без пресуда која е правосилна не е гаранција за сторено кривично дело.
Владата пред неколку дена ги смени директорите на сите затвори во државата. Измените дојдоа по вонредниот инспекциски надзор што го изврши директорот за извршување санкции Александар Пандов. Тој пак рече дека до истражните органи ги доставил законските прекршоци што ги констатирал при посетите во затворите.