ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ обвинува за неспособни градоначалници, ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од Арсовска

Партиските препукувања за преполните контејнери, со кои Скопје и утрово се разбуди, продолжија преку писмени соопштенија. Опозициската ВМРО-ДПМНЕ бара оставка од градоначалничката Данела Арсовска, а од владејачката СДСМ велат дека неспособната власт на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје создаде досега невиден хаос и градот се дави во ѓубре.

Advertisements

Од СДСМ, преку соопштение, велат дека неспособната локална власт на ДПМНЕ во Скопје создаде досега невиден хаос и градот се дави во ѓубре.

„Одговорноста за хаосот е кај Мицкоски и кадрите на ДПМНЕ во Скопје. Неспособните градоначалници на ДПМНЕ во Скопје, со својата неработа и негрижа за потребите на граѓаните се директни сочучесници во хаосот со ѓубрето и во нефункционирањето на локалните претпријатија. Истите оние кои ја поддржуваа Арсовска во кампањата, кои заедно со Мицкоски бараа глас од скопјани за неа и за ДПМНЕ, заедно ги создадоа проблемите во Скопје. Секогаш кога ќе добие глас од граѓаните ДПМНЕ се случува хаос и уназадување“, се додава во соопштението од СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, велат дека неспособноста на Арсовска е закана за масовна зараза во Скопје, а градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ и го чистеле ѓубрето.

„Со денови не се собира ѓубрето во Скопје поради неспособноста на Арсовска и градската власт. Вчера, доцна во ноќта екипи формирани од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ со екипи и механизација од градови од внатрешноста помогнаа значаен дел од ѓубрето наталожено со денови да се исчисти од улиците. Но, неспособноста и примитивизмот на Арсовска немаат граница, а тоа се виде кога нејзиниот директор во ЈП ‘Дрисла’ одбиваше да го прими ѓубрето однесено со камиони“, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Фрустрациите на Арсовска, како што велат од ВМРО-ДПМНЕ, веројатно одат до таму, што не само што е неспособна, туку не може да се носи со фактот што градочалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои управуваат со далеку помали системи на локална организација успеаја да го решат проблемот кој таа го создаде.

„За фрустрациите и другите состојби на Арсовска и порачуваме, дека не можеме да и помогнеме, за тоа има други институции, но за Скопје е најдобро да си даде оставка, и тоа што побрзо“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button