ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Опозицијата да го поддржи Манифестот

Документот што го нарекоа Манифест за процесот на преговори за членство во ЕУ, власта не планира да го испрати во официјална форма до опозициската ВМРО-ДПМНЕ. Очекуваат опозицијата доброволно да се приклучи на нивната идеја. Според нив, Манифестот е важен за забрзување на преговарачкиот процес.

Но, од ВМРО-ДПМНЕ го велат истото како и вчера. Велат дека овој документ е подготвен од Владата и нема да го разгледаат додека официјално не им биде доставен.

Со заеднички Манифест партиите од власта побараа обединување на сите парламентарни партии и да се заземе заеднички став за преговарачкиот процес со Европската унија. Овој документ, меѓу другото, предвидува и превентивни одредби за други евентуални услови кои може да и се наметнат на земјата во текот на преговарачкиот процес и кои не се директно поврзани со принципите на ЕУ, односно одржување на втората меѓувладина конференција по уставните промените без дополнителни услови, без преговори за македонскиот јазик, а билатералните прашања да не влијаат на отворањето и затворањето на поглавјата за членство.

Фатлуме Дервиши

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button