ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ откри како ќе го убедува ВМРО да гласа да се смени Уставот

Социјалдемократите најавија дека преку разговори и преговори ќе ја разубедуваат опозицијата за уставните измени. Засега не се знае дали повторно ќе има обид за нова лидерска средба. Од СДСМ истакнаа дека во наредните недели, како што велат, ќе направат сè за да ја пробијат блокадата на ВМРО-ДПМНЕ. Според СДСМ, опозицијата нема суштинска забелешка за текстот на уставните измени и нивното делување е единствено за да се создаде блокада на процесот. Од владејачката партија оценија дека Христијан Мицкоски ја продолжил анти-ЕУ и анти-НАТО политиката на Никола Груевски и упатија повик до пратениците на ВМРО-ДПМНЕ.

Advertisements

„Да ја увидат шансата која е пред нас и да знаат дека ова е шансата со која нашата држава, Македонија, ќе ги продолжи преговорите со ЕУ, а со тоа ќе стигне и до членство во ЕУ. Кога велиме сè мислиме на сите нормални политички услови во едно демократско општество. Сите механизми кои се подразбираат во демократијата – разговори, преговори и се на располагање, секако дека ние во наредниот период ќе ги искористиме и нив“, рече Богданка Кузеска – портпарол на СДСМ.

Но, речиси истовремено со повикот од владејачката партија за разговори, од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ рекоа дека е залудно повторно да се одржуваат средби за темата за уставните измени.

„Тие да сакаа да се најде решение, на почетокот ќе го викнеа ВМРО-ДПМНЕ заедно на масата заеднички да делуваме и да ги зачуваме црвените македонски линии. Ова што го направи СДСМ и ДУИ е поразително за македонскиот народ и да седнеме е џабе веќе, бидејќи 80% од народот ова решение не го прифаќа. Затоа е потребно да одиме на избори“, рече Владо Мисајловски – потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Според ВМРО-ДПМНЕ власта се обидува да купи време и го одложува процесот на гласање за потребата за отворање на Уставот до последниот ден од мандатот. Потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски рече дека денот кога точката ќе биде ставена на гласање, власта веднаш ќе падне и ќе нема друг избор освен да распише избори. Мисајловски потенцира дека ВМРО-ДПМНЕ во кампањата за изборите ќе понуди, како што вели, патриотско решение во поглед со спорот со Бугарија.

Лука Андреев

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button