СДСМ по потреба ќе коалицира на локалните избори со партиите партнери во Владата

СДСМ по потреба ќе коалицира на локалните избори со партиите партнери во Владата. Лидерот на социјалдемократите, Зоран Заев, вели дека имаат договори со партиите од коалициската влада за поддршка на кандидатите кои ќе имаат најголема поддршка од граѓаните. Тој вели дека договорот за локалните избори нема да ја загрози стабилноста на Владата.
Од ДУИ пак велат дека коалиција со СДСМ ќе прават само во вториот круг.
„Ние сме многу јасни дека ќе имаме коалиции во вториот круг и покрај фактот што албанските опозициски партии одлучија да застанат зад ВМРО ДПМНЕ, претворувајќи се во вазали на таа партија и со соработка во првиот круг, и покрај нивните многу јасни изјави на противење на таква можна коалиција со партијата што им изврши насилство во минатото.“
Од ВМРО ДПМНЕ велат дека СДСМ и нејзините партнери имаат несериозен пристап кон гласачите и покрај соработката на изборите, нема да успеат.
„Нивната коалиција е криминална и се бори само за бизнис интересите на поединците на власт, затоа и имаат толку многу несогласувања околу кандидатите. Што се однесува до коалицијата на ВМРО ДПМНЕ со албанските партии, наскоро јавноста и граѓаните ќе имаат победничка понуда која ќе го испрати СДСМ во опозиција.“
Од Алијанса за Албанците не соопштува нови детали за предизборните коалиции, но велат дека покрај веќе објавените кандидатури, за новите кандидатури, собранијата на разграноците ќе се соберат во следните денови и ќе ги изберат кандидатите за градоначалници.
Партиите веќе објавија добар дел од имињата на кандидатите за општински советници и ги продолжуваат анализите за останатите.
Mefail Ismaili