СДСМ се надева дека ќе најде разбирање кај ВМРО-ДПМНЕ и „Левица“ во врска со Законот за државјанство

СДСМ сè уште се надева на разбирање од ВМРО ДПМНЕ за деблокирање на нацрт-законот за државјанство, додека од Алијанса за Албанците најавуваат целосна блокада. Според СДСМ, тврдоглавоста на ВМРО-ДПМНЕ и Левица има решение, но претходно треба да се поминат сите можни опции во Собранието.
Алијанса за Алабнците алармираше дека повторно ќе ги блокира законите во Собранието, додека предлог-законот за државјанство останува да виси во Собранието. Неофицијално, решението ќе се најде преку нов предлог закон со европско знаменце од Владата, но според извори од страните вклучени во процесот, ова треба да се реши на идната средба Заев-Села-Гаши, која премиерот може да ја свика во наредните денови. Предлог-законот за државјанство заглави во фазата на разгледување на амандманите.
СДСМ го поддржува законот но само во форма договорена на средбата на тројцата лидери, додека ВМРО-ДПМНЕ нема суштински забелешки за текстот, туку едноставни процедурални несогласувања. Левицата е решена да го блокира законот. Барањето на оваа партија е да се повлече законот, а проблемот со лицата без државјанство да се реши во институциите, а не во законодавниот дом.
Адријан Керими