МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Шокантно е што Митева и Владата сметаат дека безбедноста и мирот во државата не заслужуваат лидерска средба

Шокантно е што Владата и Митева излегуваат со став дека прашањата за безбедноста, мирот и иднината на нашата држава не се доволно важни за лидерска средба, особено во услови кога секојдневно има нови вооружени инциденти на улиците и растечки тензии со подгревање на меѓуетничките односи, реагираад од опозициската СДСМ.

Advertisements

Во партиското соопштение меѓу другото се додава:

„Вчера повторно се пукаше во Чаир, има и повредени, пред само еден ден запалени беа возила и дуќан во Куманово а претохдно се пукаше среде Скопје. Над 25 инциденти со огнено оружје се случија во изминатите неколку месеци.

Од друга страна се случија сериозни инциденти со палења на македонското државно знаме, деца во униформи во училишта, повици за реваншизам и дополнителни тензии. Сериозно се подгреваат страстите кои влијаат на влошување на меѓуетничките односи, а кои се темел на стабилноста на земјата.

Затоа неопходно е сите релевантни политички чинители да преземат одговорност за смирување на растечките тензии и обезбедување стабилност.

Дали Владата смета дека е нормално премиерот да не гледа потреба за  лидерска средба во ваква сериозна состојба?“, прашуваат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button