СДСМ со коментар за „хрватскиот предлог“ на ВМРО за менување на Уставот
СДСМ со коментар за „хрватскиот предлог“ на ВМРО за менување на Уставот

ВМРО-ДПМНЕ предлага Уставот да се смени по хрватскиот модел, со цел Македонија да стане унитарна земја на македонскиот народ и во која припаѓаат и малцинствата. Според нив, хрватскиот модел изминатиов период власта, но и дел од меѓународните претставници го користат како пример. Од ВМРО велат дека немаат ништо против ваков модел да се спроведе и кај нас за да се смени Уставот.
Од СДСМ не кажуваат дали овој предлог на ВМРО-ДПМНЕ е прифатлив за нив или не. Сепак, додаваат дека во текот на процесот за уставни измени, може да се дадат сите предлози.
Наскоро треба да почне јавната расправа за уставните измени. Во составувањето на нацрт-амандманите треба да учествуваат експерти и политички претставници. Според очекувањата, ваквата постапка во Собранието треба да почне најдоцна во мај./Алсат.мк
Фатлуме Дервиши