СДСМ: Цените не се намелни, владината мерка нема никаков ефект

Владината мерка за ограничување на маржите на мал дел прехранбени производи нема никаков ефект и не се одрази на намалување на цените, тврдат од опозициската СДСМ.
Во реакциајта, меѓу другото, се додава:
„На терен, во маркетите и во разговор со граѓаните заклучокот е дека нема намалување на цените на најголем дел од основните производи.
Само еден вид на леб на пример е намален за 1 денар. Кај месото има симболично намалување од само 10 денари по килограм, што е незначително, додека млечните производи, млекото, јогуртот и киселото млеко се со исти цени.
За дел од овие цени на производите кои што сега се намалуваат во изминатите неколку недели веќе биле поскапени.
Закаснетата реакција на Владата и неефикасните мерки немаат никаков реален ефект“, велат од СДСМ.