СДСМ вчера го одржа 30-от конгрес на кој беа избрани 113 нови членови на централниот комитет
СДСМ вчера го одржа 30-от конгрес на кој беа избрани 113 нови членови на централниот комитет

На 30-от конгрес СДСМ го избра новиот состав на Централниот комитет кој брои 113 членови. На списокот не се најдои членови на високото раководство на партијата. Можноста ја добија младите кои ќе ја освежат партијата изјави лидерот на оваа партија Венко Филипче. За потпретседател на партијата е избрана Фани Каранфилова Пановска.
Каранфилова доаѓа на местото на Сања Љукаревска, која поднесе оставка два дена по парламентарните избори. Неделава ќе се одржи првиот состанок со Централниот комитет на кој ќе се изберат новите членови на извршниот комитет, потпретседателите и партиските секретари. Без да сподели детали, Филипче само најави дека ќе бидат млади, енергични луѓе кои до сега не биле во некоја висока функција на партијата./Алсат.мк
Зекирија Хаџиу