ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ во јуни ќе го бира новото раководство

Идниот месец во Социјалдемократскиот сојуз на Македонија (СДСМ) ќе се спроведат внатрепартиски избори за нов лидер откако доскорешниот, Димитар Ковачевски, официјално го потврди своето повлекување од претседателската функција на партијата.

Извршниот одбор на партијата на вчерашната седница донел заклучок дека по повлекувањето на Ковачевски почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

„Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог-роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка“, се наведува во денешното соопштение од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button