ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

СДСМ за изјавата на Кос: Апелираме на внимателност кога се говори за чувствителни прашања

Очекувавме еврокомесарката Кос да го истакне она што ЕУ самата го има потврдено во сите документи и сите договори, а тоа е дека македонскиот јазик и идентите се целосно признати од Унијата. Ова е неспорен факт, ние како граѓани на Македонија знаеме кои сме, што сме и од каде потекнуваме, наведуваат од СДСМ по вчерашната изјава на еврокомесарката за проширување, Марта Кос.

Advertisements

Во соопштението се додава:

„Како јазикот, така и идентитетот се јасно потврдени во сите веќе потпишани договори со ЕУ. Не сметаме дека еврокомесарката имаша лоша намера, но апелираме да кога се говори за чуствителни прашања и теми кои за за жал непотребно се отвораат иако се јасно затворени, треба да се биде внимателен во изјавите“, велат од СДСМ.

Еврокомосерката за проширување Марта Кос вчера на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски порача дека идентитетот не е предмет на политичко одлучување. Идентитетот според, неа се и македонските специјалитети како тавче гравче, пинџур и полнети пиперки.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button