МАКЕДОНИЈА

СДСМ: За скандалозниот тендер во МВР од 4 милиони евра мора да постапат ОЈО и ДКСК

Како е можно фирма основана 20 дена пред распишување на тендер, без седиште, вработени, без искуство, без капацитет, баш таква фирма да добие тендер вреден 4 милиони евра, прашуваат од СДСМ.

Advertisements

Од партијата додаваат:

„Освен со корупција, бизнис врски и лични интереси поинаку дали е возможно?

Кога фантомски фирми добиваат милионски бизниси тоа е основа за системска корупција во врвот на власта.

Смрди на корупција. И тоа во институција којашто треба да се бори против корупцијата а не да биде извор.

За скандалозниот тендер во МВР институциите не може да бидат неми следачи туку мора да отворат постапки согласно своите надлежности.

Панче Тошковски е фатен жив.

Оновното Јавно обвинителство и Државната комисија за спречување корупција мора да постапат и да го заштитат јавниот интерес, да ја обезбедат правдата а скандалозниот тендер мора да биде поништен.

СДСМ ќе продолжи да ја разоткрива секоја сомнителна зделка на оваа корумпирана власт. Одговорност мора да има!“, велат од СДСМ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button