СДСМ: Улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор

Со Тошковски на чело на МВР и ДПМНЕ во власта, улиците станаа небезбедни, се пука на секој чекор. Криминалците напаѓаат по улиците затоа што немаат страв од Тошковски, реагираат од СДСМ.
Во соопштението се додава:
„Пред една недела имаше пукање со убиство кај Мавровка, пред тоа во Синѓелиќ, во Чаир, Батинци, Тетово, на Пластичарска улица…
Ниту трага ниту глас од сторителите, од 8 убиства и обиди за убиства досега Тошковски има едвај едно расчистено.
Тошковски нема контрола ниту над северната граница која е предадена на приватно управување на ВЛЕН. Таму не се знае што се случува и како се поминува. Криминалците бегаат од затворите а Тошковски не може да ги лоцира.
Досега немало понеспособен министер за внатрешни работи и Тошковски после сите скандали треба да си поднесе оставка.“ – се вели во соопштението на СДСМ.