МАКЕДОНИЈА

Се бара итна дезинфекција на поплавените училишта, утре почнува наставата

Екипите на јавните претпријатија денеска беа на терен и работеа на санирање на штетите, вклучително и отстранување на дрвјата паднати од ветрот, од кои некои и понатаму претставуваат опасност за граѓаните и возачите. Од ЦУК информираат дека преку телефонскиот број 112 досега се примени околу илјада итни повици.

Advertisements

„До 13 часот регистрирани се вкупно 95 паднати дрвја и 121 поплавена хотелска соба. Според повиците, до 13 часот биле пријавени околу 23 оштетени возила, поплавени се 20 патишта и подвозници, а оштетени и поплавени се 27 гаражи. Евидентирани се вкупно 47 оштетени и урнати кровни конструкции, пет скршени далеководи, потпрени столбови, проблеми со струја, поплавени дуќани и механизација“, наведуваат од ЦУК.

Градоначалникот на општина Чаир, Висар Ганиу, соопшти дека екипите на сите јавни претпријатија работат на санирање на штетите.

„Нашите сограѓани почнаа да пријавуваат и штети. Комисијата која деновиве се формира за проценка на штетите ќе има многу работа. Добрата работа во оваа катастрофа е што немаме жртви. Точно е дека во населбата Серава сме при крај со канализацијата и водоводот, така што некои патишта беа отворени, точно е, но без да ги отвориме не можеме да интервенираме“, рече Ганиу.

Извори на Алсат информираат дека на денешната средба била поставена и дилемата зошто Центарот за управување со кризи не ги известил општините дека се приближува невремето. Како што дознава Алсат, градоначалниците на општините кои претрпеле најголеми штети побарале од Министерството за образование итно да почне со дезинфекција на училиштата во кои навлезе значително количество вода, оставајќи ја отворена дилемата дали училиштата ќе бидат подготвени, особено оние на територијата на општина Центар, утре да ја почнат новата учебна година.

Еви Шкопи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button