Се чека планот на градоначалничката Арсовска за излез од кризата во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје, утре треба да ги претстави своите планови за излез од кризата на две јавни претпријатија, ЈСП и комунална хигиена.
Данела Арсовска обвини дека проблемот е политички, поради блокадата на градските советници, што предизвика низа реакции од партиите во земјава. Од СДСМ, виктимизацијата на Арсовска ја нарекуваат несериозна и додаваат дека тие што го уништија Скопје меѓусебно се борат на сметка на скопјани.
СДСМ:
Советот на Град Скопје го сочинуваат 45 членови избрани на фер, демократски и непосредни локални избори во 2021 година, претставени во 8 советнички групи, кои ги застапуваа своите програми, идеи и проекти на изборите. Изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека е блокирана од сите 45 советници не можат да ги стават советниците на СДСМ и другите советнички групи во ист кош со советниците од ДПМНЕ со кои ја промовираа програмата „За модерно Скопје“ во 2021 година, брзо и безбедно. Ниту модерно, ниту брзо и пред се понесигурно.
Арсовска вчера ја обвини и претходната власт дека неисплатените 8 милиони евра за превоз на студенти ќе ги искористи за раздолжување кон ЈСП. Во меѓувреме, во низата обвинувања реагираше и Алијанса дека овие 8 милиони Мицкоски ги издвоил од проектот Скопје – Блаце, од ребаланс на буџетот, иако овој пат е направен со ЕБОР и други средства.
АА:
„Премиерот вчера и предложи на Данела Арсовска средствата наменети за поправка на булеварот што го поврзува Скопје со патот кон Република Косово во износ од 8 милиони евра да бидат пренаменети за јавното претпријатие на град Скопје – Паркови и зеленило! Значи, премиерот предлага да се стопираат работите на патот кон Косово! За толку дена и да сакаат, не можат повеќе“.
Се очекува утре Арсовска да го претстави новиот план пред 45 советници на Град Скопје, а доколку биде одобрен, тогаш претпријатијата ќе можат да се вратат во нормала.
Авни Тахири