МАКЕДОНИЈА

Се чини дека Мицкоски се откажа од најавеното писмо до Европската унија

Премиерот Христијан Мицкоски очекува по завршувањето на изборите во Бугарија да се формира стабилна влада како би продолжиле преговорите за уставните измени, кои се главен услов за продолжување на евроатлантскиот пат на земјата.

Advertisements

Мицкоски се откажа од писмото кое најави дека ќе го испрати до Европската Унија. Тој вели дека тоа е непотребно бидејќи за сите прашања веќе разговарал со лидерите на ЕУ, но и со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Мицкоски се надева дека новата влада во Бугарија ќе ја унапреди стабилноста со соседните земји и регионот. Тој очекува партијата на Бојко Борисов да победи, со образложение дека заедно со ВМРО-ДПМНЕ се дел од Европската народна партија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button