ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се дотерува нацртот за новиот Кривичен законик: Една од најзначајните измени ќе биде за конфискацијата на имот

Се „дотерува“ финалната драфт-верзија на новиот Кривичен законик (КЗ) кој се очекува да ги допрецизира недореченостите во актуелниот и да биде во чекор со времето.

Advertisements

На оваа тема денеска Министерството за правда во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје организираше и стручна расправа, откако работна група околу три години работеше на подготовката на новиот закон, чијшто нацрт на почетокот на јули оваа година беше објавен и на Електронскиот национален регистар на прописи (ЕНЕР).

Новиот КЗ треба да донесе неколку значајни измени, меѓу кои и за конфискацијата на имотот стекнат со криминал и корупција.

„Значајна измена во општиот дел е допрецизирање на режимот на конфискацијата на криминалните приноси за да се избегнат досегашните празнини, недоречености и лоша практика во примената на оваа значајна мерка во борбата против организираниот криминал и корупцијата. Бидејќи истовремено се работи и на измени на Законот за кривична постапка, измените во општиот дел на КЗ треба да бидат проследени со брзи измени на ЗКП за да се ефектуираат и да ја надмине постојаната практика во која утврдуваме дека има постоење тешки кривични дела, а не можеме да стигнеме до криминалниот принос, па се спогодуваме со обвинетите дали сакаат нешто да платат или не. Тоа е лоша практика бидејќи криминалниот принос мора егзактно да се утврди и да се одземе без никакво спогодување“, изјави денеска академик Владо Камбовски пред почетокот на стручната расправа.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button