СПОРТФУДБАЛ

Се исполнува желбата на Конте, во Неапол доаѓа Давид Нерес

Во Неапол по желба на Антонио Конте доаѓа Давид Нерес. Бразилскиот фудбалер има 27 години и своевремено беше еден од најбараните играчи во Европа. Тој блескаше играјќи за Ајакс од 2017 до 2022 година, беше дел од генерацијата која дотурка до полуфиналето на Лигата на Шампионите и тогаш иако многу млад вредеше речиси 50 милиони евра.

Advertisements

Сепак, потоа кариерата на Нерес тргна по надолна линија. Бразилецот во 2022 се пресели во украински Шахтјор за 12 милиони евра, а по само една полусезона за 15 беше откупен од Бенфика. Оттогаш за португалскиот клуб одигра 83 натпревари, даде 17 гола и подели 26 асистенции.

Сè е договорено и сега се очекува Наполи за вкупна сума од 30 милиони евра со вклучени бонуси да го откупи неговиот договор. Давид Нерес од понеделник се очекува на медицински тестови и потпис во Неапол.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button