ВЕСТИМАКЕДОНИЈА
„Се изгоре за две минути, се направи стампедо“ – сведоштво на девојче кое било во дискотеката

Девојче кое било внатре во дискотеката и кое пред болницата „Свети Наум Охридски“ чека информации за состојбата на своите другари, во изјава за медиумите рече дека се пламнало за две минути и оти се се случило многу брзо, а пожарот почнал од покривот.
„Пробуваа да реанимираат луѓе и на лице место. Пожарна и амбуланта стигнаа на време, но не беа доволно. Имаше стампедо при излезот. Јас моментално чекам другар тука, тој има изгореници на рака. На почетокот не можевме да поверуваме дека има чад и оган, а потоа настана огромна паника меѓу присутните и имаше стампедо при излез од клубот“, изјави девојчето.