ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се излева отпадна вода од растоварната депонија во Тетово

Се излева отпадна вода од растоварната депонија во Тетово

Станицата за товар и растовар на отпад во Тетово е преполна, а од неа отпадот дури почна и да се прелева. Со порастот на температурите, оваа станица почна да станува голем проблем за жителите кои живеат во околината, особено за оние кои садат на нивите.

Advertisements

„Жителите наведуваат дека покрај труењето на плодната почва што се случува од станицата за претовар на отпадот овде кај тетовските ниви, сега поради канализацијата што завршува на овие полиња неупотребливи станаа и четириесетина бунари кои порано имаа вода за пиење“, известува Башким Сулејмани, новинар.

„Таму имам штала, целата живина е таму. Сите дрва се уништени, по втор пат садевме пченка. Нема за што да се жалиме, општината го прави ова. Многу ми штети. По втор пат ги садев сите растенија, целата живина остана таму, а за мирисот не прашувајте.“

„Многу загадува, погледнете ги културите, видете какви се. Има лоша реа од ѓубрето. Бунарите веќе не се користат, целосно се загадени. Ја уништија почвата, погледнете.“

„Не се седи, таму ми е земјиштето, катастрофа е, не знам што да кажам. Целосно се изгорени, пиперките, патлиџаните, особено кога врне и испарува.“

Алсат побара одговор и од општинското јавно претпријатие од каде телефонски ни одговорија дека причина за излевањето се обилните дождови поради кои возилата за смет не можеле да влегуваат и да го изнесуваат отпадот кон депонијата Русино.

„Лошото време го оневозможи нормалното носење на отпадот на патот за Русино кој е многу каллив и воден. Бараме разбирање од жителите. Ветуваме дека наскоро станицата целосно ќе се испразни и местото ќе биде чисто. Исто така, центарот за утовар и истовар, со поделбата на претпријатието и неговата приватизација, повеќе нема да биде таму. Ќе се најде локација каде воопшто нема да пречи“, велат од Јавно општинско претпријатие „Тетово“.

Инаку, ниту актуелното место каде се врши привремен растовар на градскиот смет не е урбанизирано. Нема атмосферска дренажа, па отпадните води истекуваат во околните ниви. Оваа депонија беше подигната на ова место во 2018 година, кога по интервенција на жителите беше преместена од влезот на Тетово.

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button