Се намалува бројот на земји во кои владее демократија
Се намалува бројот на земји во кои владее демократија

Во текот на последната деценија, намален е бројот на земји во кои владее демократија. Денес, само 29 отсто од светското население живее во демократски системи. Ова го порача швајцарската амбасадорка во Скопје, Вероник Улман, која истакна дека доколку граѓаните останат пасивни, демократијата ќе продолжи да опаѓа.
„Во 2010 година, населението беше поделено на две половини, 50% во демократии и 50% живееа во авторитарни режими. Денес, само 29 отсто од светското население живее во демократскисистеми. Овој загрижувачки тренд ве загрижува и вас, новата генерација, затоа што вашата иднина и вашата аспирација да имате права да се изразувате, да имате пристап до квалитетно образование или здравствени услуги, да најдете пристојна работа или да живеете во безбедно може да бидат компромитирани“, rече Вероник Улман, амбасадор на Швајцарија во РСМ.
Спикерот Африм Гаши рече дека Собранието ги има сите потребни алатки за унапредување на политиките и законските рамки за владеење на правото и за спречување и заштита од дискриминација. Но, за развој на демократијата рече дека сите треба да работат заедно.
„Северна Македонија е сè уште нова демократија, конципирана со Уставот како граѓанска и демократска држава, која ги гарантира човековите права, слободите на граѓаните, националната еднаквост и социјалната правда. Во овие 33 години ја практикуваме демократијата, додека ги учиме нејзините вредности и го разбираме значењето на нејзините принципи. Една од лекциите што ги имаме е дека основата на демократијата е дијалогот, особено меѓу политичките актери во земјата“, нагласи Африм Гаши, претседател на Собранието.
Роберт Скот Хазлет од Националниот демократски институт рече дека демократија е да се почитуваат другите гледишта дури и ако не се согласувате со нив. Овие коментари беа дадени за време на одбележувањето на Меѓународниот ден на демократијата во Собранието, на кој учествуваа деца и млади од основните и средните училишта./Алсат.мк
Ајнур Бафќари