ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се намалуваат водостоите на реките

Водостоите на речиси сите реки во земјава минимално се намалени во споредба со вчера, додека нивоата на трите природни езера се исти со вчерашните, покажуваат резултатите о д последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Advertisements

Најголемо намалување на водостојот од 14 сантиметри има реката Пчиња на мерното место кај Пелинце по што следи Треска кај Македонски Брод со намалување од 13 сантиметри. Кај другите реки намалувањето е значително помало, а исклучок се реките Радика и Вардар каде има зголемување на нивото.

Најголемо зголемување на водостојот од 18 сантиметри има Вардар на мерното место кај Велес, а Радика кај Бошков Мост има зголемување од 15 сантиметри. Вардар воедно бележи зголемување на нивото од два сантиметри кај Јегуновце, додека на вливот на Лепенец има намалување на водостојот од два сантиметра, а во Скопје за пет сантиметри.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button