ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Се очекува формализирање на проширената владина коалиција

Финишираат преговорите за проширување на владиното мнозинство. Извршниот одбор и Централниот одбор на СДСМ денеска ќе одржат седници, на кои се очекува претседателот на партијата и премиер Димитар Ковачевски да го презентира исходот од разговорите со Алијанса за Албанците за приклучување кон владејачката коалиција, како и понудата до актуелниот коалициски партнер Алтернатива со чиј лидер Африм Гаши вчера имаше средба.

Advertisements

Од Алтернатива не откриваат детали за исходот од разговорите помеѓу Ковачевски и Гаши и најавуваат дека одлука за натамошното делување нивните партиски органи ќе носат откако, како што велат, ќе се формализира новата коалиција.

Министерот за здравство и потпретседател на Алтернатива, Беким Сали, вчера изјави дека партијата сè уште нема добиено „конкретен предлог на маса“ за нејзините позиции во идната влада, додавајќи дека немаат информација за тоа што би добила Алијансата за Албанците за приклучување кон парламентарното мнозинство, па затоа и не може да коментира кои се позициите на Алтернатива.

Според изворите во Алијансата за Албанците, партијата ќе добие и заменик-министри за земјоделство, шумарство и водостопанство и за одбрана, како и двајца државни секретари, од кои едниот е во Министерството за труд и социјална политика, додека вториот ќе биде дополнително утврден. Меѓу директорските места што би ги добила Алијансата за Албанците се во „Пошта на Република Северна Македонија“, МЕПСО, Државниот просветен инспекторат и Агенцијата за управување со одземен имот, како и заменик-директори во Царинската управа, Управата за јавни приходи (УЈП) и ЕСМ.

Според извори од Алијансата за Албанците конечниот договор за приклучување на партијата кон парламентарното мнозинство би требало да финализира најдоцна денеска, бидејќи од петок Таравари заминува на службено патување.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button